Претседателот-кандидат го одржа својот прв и единствен предизборен митинг во Париз-Дефанс Арена, една од најголемите затворени сали во Европа. пред околу триесет илјади свои приврзаници, јави дописникот на МИА.
Министерството за одбрана на Велика Британија ги објави најновите разузнавачки информации за војната во Украина.
Советникот на украинскиот министер за надворешни работи Антон Герашченко вчера на Твитер објави видео од разурнатиот град Буча, што вчера беше ослободен од руска окупација.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.
Украинскиот преговарач Дејвид Арахамија изјави дека Русија ја прифаќа позицијата на Украина, со исклучок на ставот на Киев за Крим.
Во обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во бразилската држава Рио де Жанеиро, загинаа осум лица, од кои шест деца, а 13 луѓе се водат како исчезнати.
Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) уште во средината на јануари ги информирала украинските власти за планираната руската инвазија.
Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда изјави дека неговата земја од овој месец нема да увезува руски гас.
Украинските сили повторно презедоа контрола врз целата територија на регионот Киев, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.
Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.