И покрај европските упатства за специјална заштита на приватните домаќинства, болниците и топланите на гас во случај на недостиг, Мулер рече дека има ситуации во кои не би било можно да се заштити приватниот сектор.
– Преговорите се исклучително тешки, рече Подољак и изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека воените цели на неговата земја во Украина се „благородни“ и дека ќе бидат остварени, јави руската државна новинска агенција Тасс, пренесе Си-Ен-Ен.
ОПЕК ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во својот најнов пазарен извештај објавен денеска, припишувајќи го падот првенствено на војната во Украина
Владимир Кара-Мурза, истакнат руски опозициски активист, е осуден на 15 дена затвор поради непочитување на полициска наредба, јави Радио Слободна Европа
Иран ги повлекува своите дипломати од Авганистан по налетот на понекогаш насилните протести кон нивните објекти во таа земја, јави иранската новинска агенција ИСНА, пренесува ДПА
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“
Најмалку 45 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето по дождовите кои ги погодија јужноафриканскиот пристанишен град Дурбан и провинцијата КваЗулу-Натал, соопштија денеска локалните власти
Претставник на Противпожарната служба на Њујорк за Си-Ен-Ен изјавил дека 13 лица се пренесени во болница после пукањето на метро-станицата во Бруклин, Њујорк
Пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова