Адвокатите тврдат дека Институцијата ги крши уставните барања поврзани со поделбата на власта и дека постапките не се во согласност со законите што ги регулираат административните процедури.
Условите за домување, приходите, образованието и другите социјални фактори влијаат на здравјето повеќе од генетиката или квалитетот на здравствениот систем, покажа нова студија на Светската здравствена организација (СЗО).
Харвард стана цел на администрацијата поради обвинувања за антисемитизам на кампусот за време на протестите на пропалестинските организации. Во последните недели, администрацијата на Трамп ги засили своите акции против Харвард.
Холивуд е во неверување по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини од 100 проценти на филмови снимени надвор од САД, што експертите и вработените во американската аудиовизуелна индустрија го сметаат за бесмислено и несоодветно.
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера нареди намалување на бројот на генерали и адмирали со четири ѕвездички во американската војска за најмалку 20 проценти.
Рејтингот на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу е повисок за повеќе од седум проценти од поддршката за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, покажуваат резултатите на две анкети.
Фјучерсите за суровата нафта од Северното Море од типот Брент, репер за европскиот пазар, се зголемија за 1,36 долари, или 2,26 проценти, на 61,59 долари за барел утрово.
Членовите на персоналот кои ќе бидат присутни во Ватикан за време на конклавата положија заклетва за тајност во капелата Свети Павле, во Апостолската палата во Ватикан, објави денеска Ватикан Њуз.
Кинеските власти денеска соопштија дека се подготвени да ги пречекаат претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред самитот Пекинг-Европска унија (ЕУ), кој треба да се одржи во Кина во јули.
Шефот на руската дипломатија,Сергеј Лавров, денеска изјави дека речиси цела Европа води војна против Русија под нацистички знамиња.