Католичката црква го прогласи архитектот на Саграда Фамилија, Антонио Гауди за „чесен слуга Божји“
Католичката црква денеска го прогласи каталонскиот архитект Антони Гауди (1852-1926), најпознат по величествената црква Саграда Фамилија (Светото семејство) во Барселона, за „чесен слуга Божји“, што е првиот чекор на патот кон светост, соопшти Ватикан.