Конференцијата за печатот која започна дури по 17 часот со повеќе од еден час задоцнување, сведочи дека двајцата претседатели на првата средба очи в очи имаа што да си кажат, јавува дописникот на МИА од Париз.
Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нема начин што ќе овозможи да биде одложен предвидениот почеток на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.
Грузија е цврсто определена да влезе во Северноатлантскиот пакт, изјави денеска грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили.
Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска европските држави да се држат заедно во светло на новата неизвесност во врска со САД, порачувајќи дека Европа „мора да ја земе судбината во свои раце“ пред Брегзит и претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Францускиот претседател изрази надеж дека Трамп ќе ги сфати негативните последици за американските компании, доколку земјата ја повлече од Парискиот договор за климата.
Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ ги откажа сите летови од лондонските аеродроми Гетвик и Хитроу поради проблеми со компјутерскиот систем.
Учесниците на Самитот на Големата седморка – седумте најразвиени индустриски држави – се уште не постигнале согласност за два проблема во текстот на завршната декларација – трговија и Русија, пренесе ДПА.
Доналд Трамп на Самитот на Г-7 јавно побара од лидерите на големите Европски држави да одвојат поголеми финансиски средства за НАТО алијансата.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ја забранил употребата на зборот „арена“ како синоним на „стадион“, бидејќи тој, како што рече, води корени од Стариот Рим.
Се надевам дека американскиот претседател Доналд Трамп не објави твит за мене, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.