Лајчак избран за претседател на Генералното собрание на ОН
Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак е избран за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, а таа должност треба да ја преземе на 72. седница на ова меѓународно тело, која ќе почне во септември.