Арапската коалиција го отстрани Катар од операцијата во Јемен
Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, денеска соопшти дека го прекинува учеството на Катар во заедничката воена операција против бунтовниците – хуси, кои воспоставија контрола над голем дел од територијата на Јемен.