Францускиот претседател Емануел Макрон изрази целосна поддршка за шпанскиот премиер Маријано Рахој откако парламентот во Каталонија прогласи независност.
Европската унија нема потреба од нови поделби, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Германија ја поддржува шпанската Влада и нема да ја признае независноста што денеска ја прогласи каталонскиот парламент, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт.
Во Каталонија се палат шпанските пасоши и се уништуваат личните карти откако парламентот во Барселона прогласи независност на областа од Шпанија, информираат шпанските медиуми.
Главниот индекс на берзата во Мадрид IBEX35 се намали за повеќе од еден отсто на 10.198,50 поени, откако каталонскиот парламент гласаше за започнување конститутивен процес за одвојување од Шпанија со 70 гласа „за“, 10 против и двајца воздржани.
Шпанскиот Уставен суд денеска започна процедура против прогласувањето независност на Каталонија.
Градскиот совет на Жирона го симна шпанското знаме од пред зградата, десетина минути по објавувањето на резултатот од гласањето во каталонскиот парламент за резолуцијата за независност на областа од Шпанија.
Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да останат смирени пред очекуваните мерки на централната власт во Шпанија по прогласувањето независност.
Американскиот Стејт департмент ги поддржува напорите на Шпанија да го спречат осамостојувањето на Каталонија.
Шпанскиот Сенат и одобри на Владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој да воспостави директна контрола врз Каталонија.