Членовите на Комисијата за хартии од вредност соопштија дека инвестицискиот фонд на Џорџ Сорос го намали својот удел во „Епл“ и „Снеп“ во последниот квартал.
Исландското Министерство за социјална работа соопшти дека невработените лица регистрирани во Заводот за вработување ќе добијат „Божикен бонус“ во декември во износ од 530 евра
Турското Министерство за надворешни работи отстрани од должност една четвртина од дипломатите, поради сомнение дека одржувале врски со групата одговорна за минатогодинешниот обид за преврат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Европскиот магазин „Вокал Јуроп“ на својот твитер налог постави анкета на тема „Кој би можел прв да влезе во ЕУ: Србија, Македонија, Албанија или Косово?“.
Претседателката на каталонскиот парламент Карме Форкадељ ќе се кандидира на изборите на 21 декември и ќе ја предводи листата на партијата за независност „Каталонска републиканска левица“.
Долниот дом на рускиот Парламент денеска, во второ читање, усвои закон кој ќе им овозможи на руските власти да ги идентификуваат странските медиуми кои работат во Русија како „странски агенти“.
Армијата на Зимбабве соопшти денеска дека ги ставила во притвор претседателот на државата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс.
Во екот на шпекулациите дека се подготвува пуч во Зимбабве, на власт во таа земја 37 години се наоѓа Роберт Мугабе – светски рекордер по должина на претседателски стаж.
Војската на Зимбабве ја презеде власта рано утринава заземајќи ги кабинетот на Мугабе, парламентот, аеродромот и државната телевизија. Војската се вмеша поради чистката на Мугабе на воените ветерани во владејачката партија.
Гугл во изминатите месеци почна да отстранува од Јутјуб и екстремистички видео содржини кои не прикажуваат насилство и оние кои заговараат говор на омраза, соопшти Јутјуб, за разлика од досегашната пракса на социјалните мрежи.