Унгарците треба да ги изберат 199-те членови во унгарскиот Парламент. Од вкупниот број пратеници, 106 ќе бидат избрани според мнозинскиот модел, а 93 според пропорционалниот.
Десетици лица загинаа во наводен хемиски напад кој вчера бил извршен врз последниот бунтовнички бастион во Источна Гута, во близина на главниот град на Сирија, Дамаск.
Возачот на комбето кое влета во маса луѓе во германскиот град Минстер се самоубил, соопшти полицијата.
Жителите на Минстер се замолени да го избегнуват подрачјето на инцидентот. Бебзедносни извори наведуваат дека околностите под кои се случил инцидентот се такви да не може да исклучат можност дека се работи за напад.
Фејсбук ќе ги информира в понеделник преку нотификации на нивниот профил корисниците засегнати од скандалот со Кембриџ Аналитика.
Министерството за финансии на САД вчера воведе санкции за седум руски претприемачи и против 12 компании кои тие ги контролираат, како и против 17 високи руски владини претставници.
Компанијата Фејсбук соопшти дека прекинала соработка со канадска фирма за консултантски услуги во политиката Егригејт Ај-Кју (Aggregate IQ) откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до лични податоци на корисници на Фејсбук.
Администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции спрема седум руски олигарси кои имаат врски со рускиот претседател Владимир Путин преку 12 компании што се во нивна сопственост или кои ги контролираат.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп денеска ги прошири санкциите против Русија и додаде 38 руски олигарси, државни директори и компании, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал.