Рускиот опозициски водач Алексеј Навални беше притворен денеска, за време на протест на неговите приврзаници во Москва, јави новинската агенција ДПА.
Белата куќа денеска ги негираше информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп побрал од Пентагон да подготви мислење за намалување на бројот на припадници на вооружените сили на САД во Јужна Кореја.
Кандидатурата до Високата изборна комисија, во името на двете партии, ја доставија турскиот премиер Бинали Јилдирим и лидерот на МХП, Девлет Бахчели.
Трговскиот интернет гигант Алибаба соопшти дека продажбата во последниот квартал од минатата година пораснала за 61 процент, што е над очекувањата на почетокот на годината. Со ова, Алибаба бележи раст од над 50 проценти две години по ред.
Кина денеска ги негираше тврдењата дека нејзините сили стационирани во африканската држава Џибути, користеле ласери против американски авиони, при што полесно биле повредени двајца пилоти.
Сабвеј, еден од најпопуларните ланци за брза храна во светот, се наоѓа пред својот најголем предизвик. Минатата година мораше да затвори дури 909 филијали во Америка, а годинава планира да затвори уште 500.
Европската унија се соочува со сериозна конкуренција од Русија, кога е во прашање извозот на пченица, соопшти Министерството за земјоделство на САД.
Милијардерот Ворен Бафет, односно неговиот фонд Беркшир хатавеј, купи уште 75 милиони акции на Епл (Apple).
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.
Американски и Кинески високи претставници денеска водат втор ден преговори во обид да избегнат „трговска војна“, три недели пред најавеното стапување на сила на американските увозни царини на алуминиум и челик.