Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба
Според информацијата на ПСС вчера добиле повик од група ловци, чие ловечко куче се изгубило. Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побарал помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излегол на терен.