Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба, кривично дело казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
ОЈО Скопје поведе истрага против 26-годишен скопјанец за кој постои основано сомнение дека сторил разбојништво и две тешки кражби.
Како што информира МВР, биле зафатени и две патнички возила, „Шкода камик “ паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.
Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.
Осомничениот, вработен во Отсек за странци и реадмисија, како што велат од Обвинителството, на 16 јануари 2025 година во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова.
На подрачјето на Скопје, како што соопшти МВР, врз основа на претходно издадени наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на домови на неколку локации.
Како што соопшти МВР, С.Р. го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Таа истиот ден околу 14:00 часот примила телефонски повик и се договориле со сторителите на подрачјето на Драчево да им предаде 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Тешко повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани откако вчера го удрил автобус на ЈСП „Скопје“. МВР информира дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.
Во Охрид вчера во 13.30 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.