33 годишен Велешанец кој се лекувал во приватна болница во Скопје допирал по тело вработена во здравствената установа, доби кривична пријава
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, односно дека на 14.07.2023 во приватна болница во Скопје, каде се лекувал, допирал по телото една вработена.