Покрај Калина Велевска, Александар Миновски е 35 годишниот Скопјанец кој трагично го загуби животот искачувајќи го врвот Кајмакчалан.
Пратеничката на СДСМ Мери Лазарова засега е во стабилна состојба, откако вчера околу 20 часот беше донесена во Ургентниот центар во Скопје со повреди на главата и телото по сообраќајната несреќа на патот Демир Капија – Удово.
Во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пред Клиниката за онкологија, вчера околу 02.30 часот непознат сторител извршил кражба во патничко возило со германски национални ознаки.
Телата на двајцата планинари кои загинаа на Кајмакчалан се пренесени во болницата во грчкиот град Јаница (Ениџе- Вардар), откако беа извлечени од спасувачките екипи, дознава МИА.
Двајцата планинари од Македонија на врвот на Кајмакчалан, на планината Ниџе, според потврдени информации на МИА од Атина, загинале најверојатно по пад во бездна.
Дваесет и шестгодишната Калина Велевска е девојката на која вчера вечер заедно со уште едно момче и се губи трагата на грчката страна на планината Кајмакчалан.
Тим од седум обучени лица за спасување на планина од Битола, трага по двајца македонски планинари кои синоќа биле пријавени како исчезнати на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан.
Едно лице е потешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајка, што се случи вечерва на автопатот Демир Капија-Удово и предизвика прекин на сообраќајот.
Во тетовската полиција денеска околу 15 часот е пријавено дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка.