Седумдесет и седум годишна скопјанка вчера е пронајдена со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот во својот стан во населбата Тафталиџе.
Автомобил „БМВ“ сопственост на Сашо Наков, син на скопскиот бизнисмен Штерјо Наков, бил опожарен утрово во скопско Дебар Маало, објави „Нетпрес“. Во пожарот бил запален предниот дел на возилото.
Во строгиот центар на Скопје автомобил со скопски регистарски таблични откако изгубил контрола врз возилото влета и удри во оградата од македонското Собрание.
Девет сообраќајки се евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, а во четири од нив со полесни повреди се здобиле осум лица.
Увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на Армијата изврши надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.
Двајца припадници на Армијата од Тетовската касарна изутрината биле донесени во болницата во Тетово со прострелни рани. Поради сериозноста на повредите, војниците се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.
Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се здобиле со тешки телесни повреди за време на вежбата која што ја имале утринава, додека го чистеле оружјето.
Поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција двајцата повредени војници се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.
- Осум лица се тешко повредени, а уште девет се здобиле со полесни повреди во 10 сообраќајки евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Регистрирани се и две соообраќајки со материјална штета.
Штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и момче од Волково, Скопско вчера биле пријавени за исчезнати во две полициски станици во Скопје.