Сообраќајната незгода се случила на крстосницата од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ со улицата „Крушевска Република". Возилото било управувано од страна на 47-годишениот Д.М.
Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во пет била причинета материјална штета.
На ѕидот од канцеларијата за контакти со граѓаните на пратениците од СДСМ во Прилеп осамна испишан графит „Локвенец и Кети – мртви сте ВМРО“. Случајот е пријавен во полиција и е направен записник.
Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.
Кавадарчанец вчера ноќта бил пронајден починат пред Здравствен дом Кавадарци, откако претходно пијан правел проблеми на вработените и одбивал лекарска помош, соопшти МВР.
Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.
Според првичните информации напаѓачот успеал да го удри со тупаници и шлаканици по телото и главата, по што си заминал.
Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими, доживеала сообраќајна несреќа во Приштина за време на семејно патување.
Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, денеска бил физички нападнат во центарот на Скопје, дознава Нетпрес.
Дваесет и шестгодишна скопјанка кршела чаши и чинии вчера во угостителски објект во центар на Скопје. По интервенција на полицијата девојката била алкотестирана и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.