Тракторист од село Сирково во текот на вчерашниот ден бил прегазен од својот трактор и се здобил со тешки повреди, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Едногодишно дете вчера во Куманово паднало од балкон по што е пренесено во кумановскиот здравствен дом, а оттаму на клиниките во Скопје.
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица со полесни телесни повреди во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје.
Неготинка била касната од змија во текот на вчерашниот ден и вечерта била пренесена на Инфективна клиника, изјави денеска за МИА доктор Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци.
Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР.
Дваесет и осумгодишна кавадарчанка вчера излетала со возило од регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново при што се здобила со тешки повреди.
Полицијата го утврдила идентитетот на лицето за кое вчера беше објавено дека е пронајдено обесено во борова шума над средното училиште во Ресен, соопшти МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.К. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „одземање моторно возило.
Дваесет и осум годишно лице од Кавадарци било повредено кога автомобилот со кој управувал излетал од регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново во текот на вчерашниот ден, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното Обвинителство поднесе кривични пријави за седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување со што причиниле материјална штета на буџетот на РМ .