На триесет и тригодишна тетовчанка и е одреден триесетдневен притвор, бидејќи на 30 април годинава се обидела да внесе наркотична дрога хероин на граничниот премин Табановце, при влез во Македонија.
Двајца старци биле измамени од страна на две лица при што им биле одземени 9.000 и 8.000 денари, информира денеска МВР.
Од стан во Скопје вчера се украдени лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит „Сваровски", во вкупна вредност од 300.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Дваесет и четири лица се здобиле со полесни повреди во 15 од вкупно 23 сообраќајки случени во текот на изминативе два дена на подрачјето на СВР Скопје, а во осум била причинета материјална штета.
Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје.
Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Од службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Кавадарци и кавадаречката полиција за МИА ја потврдија сообраќајната несреќа. Засега, како што велат, не можат да дадат повеќе детали.
Пет лица од кочанското село Тркање кои биле гости на свадба се пренесени во штипската Клиничка болница. Со знаци на труење, висока температура, дијареа и повраќање завршиле на Инфективното одделение.
Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против П.Ѓ. (34) од Македонски Брод поради основи на сомневање дека сторил кривично дело „даночно затајување“.
Две непознати лица заканувајќи се со пиштол ноќеска ограбиле бензинска пумпа на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје.