Десет мигранти, девет од Пакистан и еден од Непал, се пронајдени во возило „Опел Омега” кое завчера попладнето се движело кон граничниот премин „Богородица“.
Тринаесетодишник предивикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која покрај него повредени се уште две лица.
Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар.
Мотоциклист бил потешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки полесно биле повредени осум лица, а во една била причинета материјална штета.
Пожар избувна доцна синојка кај новата зграда на Народната банка, која се гради до Министерството за надворешни работи.
На 09.05.2018 година во 16:20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Судир на полицијата со поголема група граѓани во моментов се случува во близина на Битпазар.
Две тешки кражби извршени од засега непознати сторители во цркви во Копанце и Радиовце биле пријавени вчера во полиција, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според пријавите, двете кражби биле извршени во периодот меѓу вторник и среда.
Tракторист од радовишкото село Коџачока починал вчера отако со трактор паднал во провалија.
Кривична пријава за триесет и осумгодишен скопјанец, крадец на возило за кое подоцна уценувал дека ќе го расклопи на делови доколку сопственикот не му даде 2.000 евра.