Пред влезот на гимназијата „Преродба“ во с.Житоше, прилепско, вчера во 17:50 часот во меѓусебна тепачка, Д.И. (19) од с.Сазждево со нож го прободел Д.П. (18) од с.Житоше.
Четиригодишно дете е тешко повредено синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје откако во него удрило патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (59) од Скопје.
Маж и жена загинаа во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Миладиновци - Кадино, откако возилото со кое се превезувале излегло надвор од коловозот и паднало на покривот во одводен канал.
Возач на патничко моторно возило и сопатник загинале во една од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Дваесет годишна девојка од Гостивар која претходно испила извесна количина токсично средство за хигиена вчера била донесена во гостиварската општа болница.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево.
Пронајдена е дрога кај неколкумина тиквешани изминативе неколку дена.
Млада жена била донесена во бессознание синоќа во болница, а средовечен маж утрово се обесил во шупа.
Шест лица се здобиле со тешки телесни повреди во шест од вкупно 35 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во 12 полесно биле повредени 12 лица, а во 17 била причинета материјална штета.
Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал денес од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.