Вкупно 25 илегални мигранти од Пакистан, од кои еден малолетен, се пронајдени утрово во товарно возило кај археолошкиот локалитет Стоби.
Според информацијата од СВР Велес вчера околу 17 часот на ул „Прохор Пчински“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Мерцедес вито“ со штипски регистарски ознаки управуван од лицето Е.Џ.(37) од Велес изгубил контрола над возилото и со задниот дел удрил во метална врата и влегол во двор на куќа.
Сообраќајот на магистралниот пат А-3 Прилеп - Градско, на Плетвар, е во прекин, поради сообраќајна незгода. Сообраќајот е во прекин од 11:30 часот.
Полицијата пронајде 50 килограми марихуана вчера изутрина на локација од патниот правец Струмица-село Добрашинци,
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, девизи и облека.
Еден пешак е потешко повреден, а четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно единаесет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки.
Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат 11-09, на потегот од кај делницата Богданци - село Фурка кај Дојран.
Од Клиниката посочуваат дека бебето самостојно дише не е на апарати, но се уште е во животна опасност. Тоа има и скршеници на потколениците.
Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква.
Утрово во 8.00 часот почина Н.С. (21), кој на 29 јуни физички беше нападнот од страна на три машки лица на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“.