Непознат сторител синоќа околу 23.50 часот на ул.„Ваташа“ во Битола, истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „Тојота Аурис“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што ја запалил.
Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удрар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки.
Дваесет и девет годишен државјанин на Република Албанија, рано утрово е лишен од слобода под сомнеж дека се обидел да силува гостиварка.
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против О.Р. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила во 13.50 часот на патот Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, потврдија од МВР за МИА.
Ќе се изврши обдукција и вештачење за да се утврдат причините за смртта на двајцата параглајдеристи кои вчера починаа по трагедијата која се случи околу 12.40 часот на Мечкин Камен во Крушево кај полетувалиштето за параглајдеристи, информираат од Основно јавно обвинителство-Прилеп кое го истражува случајот.
Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02:40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.
Напаѓачот кој на 3 август на кеј „13 Ноември“ физички го нападна 66-годишниот скопјанец кој потоа почина од нанесените повреди, е фатен и одредена му е мерка притвор од 30 дена.
Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките поврди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вечерва им подлегнал на повредите.
Еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево, соопштуваат од МВР.