Уапсен Скопјанец со обележани евра откако претходно од бизнисмен изнудил 180.000 евра за пет месеци
Единицата за насолен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. од Скопје по брза постапка за сторено кривично дело ,,изнуда" по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.