Опожарена борова шума кај месноста Брежје во Делчево
Околу 15 декари дабова шума, смрека и висока трева, гореше попладнево во месноста Брежје во близина на Делчево. Како што информираат од ТППЕ Делчево, пожарот бил пријавен во 13:15 минути по што веднаш било пристапено кон негово гаснење.