Неисправни сопирачки усмртија работник на „Јасен“
Неисправни сопирачки биле причината за вчерашната сообраќајна незгода во резерватот „Јасен“ во која едно лице почина, друго е тешко, а три се лесно повредени, соопшти денеска Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, повикувајќи се на резултатите од извршниот увид.