Притвор за албански државјанин за тешка кражба во Прилеп
По поднесена кривична пријава од страна на МВР Полициската станица Прилеп, во Основното јавно обвинителство Прилеп поведена е постапка против едно лице, државјанин на Република Албанија, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело тешка кражба. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп му определи мерка притвор во траење до осум дена.