Кривична пријава за кумановец осомничен за обид за продажба на мобилен телефон во затвор
Кумановската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување, против 44 годишен кумановец, референт за практична обука на затворениците, кој во затворот во кумановското село Кшање внел мобилен телефон кој сакал да го продаде на затворениците, соопшти денеска СВР Куманово.