Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак.
Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.
Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје, по претрпени физички напади во текот на вчерашниот ден.
Во Одделението за внатрешни работи во Виница, синоќа, во 20.35 часот од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница.
Поднесени се три кривични пријави против три лица од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.
Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните К.Б.(30) и Н.Б.(41) поради тешки кражби.
Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.
Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.
Во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 13.04.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг А.Т., кој се заканувал и со остар предмет.