Скопјанец пријавил дека бил претепан од контролори на ЈСП во 19-ка
Во Полициската станица Бит Пазар, вчера во 19.30 часот И.С.(38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“, во автобус на ЈСП бр. 19, двајца вработени во ЈСП како контролори физички го нападнале откако им рекол дека нема билет.