Четири лица повредени, од кои двајца малолетници, во тешка сообраќајна несреќа во Македонска Каменица
На 27.04.2024 во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот.