Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше убиено едно лице, а две беа повредени.
Како што информира МВР за МИА, синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.
Вкупно 100 возачи се казнети во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден во Град Скопје.
Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
Центарот за управување со кризи информира дека четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), се лоцирани и пронајдени.
Од ЦУК, информираат дека Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес и дека тим од три члена од ДЗС тргнале на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел.
Дебарската полиција, по претходна дојава, во текот на ноќта запленила над 400 метри мрежи за лов на крап на Дебарско Езеро, кусо по нејзиното пуштање.
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе угостителски објекти, при што лишени од слобода се девет лица, кај кои била пронајдена дрога.
При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17).
Воедно појаснува дека за настанот бил известен Центарот за социјални работи Велес и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.