Како што информираат денеска од МВР, при контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, а осум поради тоа што возеле без возачка дозвола.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 114 мерки, соопштија денеска од МВР.
Полициски службеници ноќеска привеле разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна.
На територија на државата во текот на вчерашниот ден, во периодот од 15 до 22 часот, изречени се вкупно 185 санкции за возачи на мотоцикли.
На 01.06.2024 во 19:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на Центар во Скопје било пронајдено починато машко лице.
МВР денеска соопшти дека еден затвореник е повреден во физичка пресметка помеѓу две групи на затвореници.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото во Боговиње каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје.
Маж на 47 години е убиен во тетовско Боговиње, а според првична информација на полицијата како осомничен е приведен 50 годишник од истото место. Осомничениот е приведен во Тетово.
Како што информираат од ОЈО, двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање.
Два случаи на семејно насилство се пријавени вчера во Тиквешијата, информираа денеска од СВР Велес. Во неготинско татко пријавил син, а во кавадаречко синот го пријавил таткото.