Косовец баран со македонска потерница фатен на граница со Албанија
На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите на Македонија, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.