Кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, издавале изводи на лица кои не се присутни во Македонија
Како што информираат од МВР, А.Б. вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги.