Заев: Немам коментар за оставката на Груевски, потребна е силна опозиција за поодговорна власт
– Tоа се внатрешни процеси, кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со раководството ќе си ги дефинираат како што тие сметаат дека е најдобро – рече Заев денеска во Владата, каде што се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост.