На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени повеќе кадрови одлуки од кои што сакаме да ја информираме јавноста дека Извршниот Комитет одлучи да спроведеме генерален реизбор на цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
– Се гледа вие се залагате за народот, дека ќе се залагате за народот. Мислам дека како одите, така и ќе бидете поддржани од секого, рече пратеникот Амди Бајрам.
Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, утрово запали свеќа пред постаментот на отстранетиот споменик од Андон Ќосето.
Отстранувањето на т.н. споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето, дивоградба бесправно поставена од страна на претходната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, става крај на самоволието и незаконитоста во поставувањето објекти и споменици во Скопје.
Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека одземањето на надлежностите да именува и разрешува директори на општинските основни и средни училишта е политичка пресметка во корист на политичката партија ДУИ.
СДСМ Буџетот наменет за култура го претвори во колач за поткусурување со коалиционите партнери. Уметниците се револтирани и гневни. Културата никогаш до сега не била толку деградирана, а уметниците толку омаловажени.
Правдата ќе биде задоволена само тогаш кога судот ќе ги ослободи и останатите неосновано притворени патриоти кои без никакви аргументи веќе трет месец се држат во затвор.
Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик.
Комисијата за култура во Алијанса на Албанците, на денешната прес конференција побара од Министерството за култура да ја повлече одлуката за доделување средства за годинешната програма за култура, заради неправилности и непочитување на правилникот за доделување средства.