Мицкоски во посета на Випро и МГС Транс: Економијата ќе ни биде приоритет и главен фокус
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во посета на Гевгелија, при што посети неколку гевгелиски компании, од каде што и порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките во програмата ќе бидат направени во консултација со оние за кои се наменети.