Мицкоски: По објавената нова снимка појасно се гледа главата на октоподот во „Рекет“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немал можност подетално да се запознае со содржината на снимката што на собраниска комисија ја објави пратеникот Антонио Милошоски, за која рече дека е поврзана со случајот „Рекет“. Од она што можел да го прочита од транскриптите, како што рече, можела да се види главата на октоподот и оти тоа требало да го види и Јавното обвинителство