Мицкоски: Ги прифатив двете понуди за ТВ-дуел, се надевам Заев ќе се охрабри да ја прифати поканата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од две телевизии да гостува на ТВ-дуел со Заев и дека се надева оти претседателот на СДСМ ќе биде храбар и ќе ја прифати поканата.