Јанушев: Власта со голиот пи-ар нема контрола над ситуацијата, целосно е без компас, мерките и предлозите мора да се прифатат
Престанете со “голиот” популистички PR и презентирање на фактографски податоци, гледаме дека немате контрола над ситуацијата и целосно сте „без компас“ … затоа прифатете ги предлозите, барањата и мерките без разлика од каде доаѓаат – дали е тоа опозицијата, дали е тоа со „copy-paste“ на мерките кои ги спроведуваат другите држави … не е важно тоа во моментов … важно е што е можно побезболно да ја надминеме заканата за сите нас