Мицкоски: За Владата има основани сомневања дека прави криминал со транспортот на луѓе, има нехуман третман и печали од летовите
Добро е што мојата преписка со Рашковски, за наводно хуманитарната акција на владата, излезе во јавноста бидејќи граѓаните и целата јавност ќе може да ја направат разликата помеѓу луѓе за кои има сведоштва, докази, изјави и сомневања дека прават криминал на грбот на народот, и луѓе кои тоа им го кажуваат во очи, напиша на својата Фејсбук страна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски