Левица: СДСМ го штити газдата на прилепска конфекција кој работи спротивно на препораките
Изминативе денови, пристигнаа нови реакции од загрижени текстилни работници, кои сведочат за кршење на нивните елементарни права и свесно загрозување на нивните животи и животите на нивните најблиски. Имено, станува збор за текстилната фабрика „Комфи Ангел“, каде за раководството се чини дека мерките и препораките за превенција од ширење на болеста Ковид-19, скоро и да не постојат