Јанушев: Додека граѓаните немаат за леб и сол и луѓе умираат од корона, СДСМ со народни пари купува школки, шкампи и морска риба
Ова е извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи и сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа