Под мотото „Секаде за секого" денеска беше одбележан 8 Мај - Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во заедничко чествување на амбасадата на Руската федерација во македонија и на приелпските локални власти денеска на Могилата на непобедените во Прилеп се одбележа 9 мај - Денот на победата над фашизмот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Охрид ја отвори првата Меѓународна научна конференција посветена на работата на безбедносните служби од регионот задолжени за обезбедување на личности (VIP и VVIP) и објекти, што се одржува под работен наслов „Студија на случај.
Градинарите од струмичкиот регион се задоволни од откупните цени на доматите и краставиците. Според претставници на земјоделците има голема побарувачка за раноградинарските производи на почетотокот на производствената сезона.
Доцна попладнево демирхисарскиот крај го зафати силно невреме со врнежи од дожд и град.
Во водите на Лепенец, по деветневна потрага, попладнево, е пронајдено телото и на вториот косовски полицаец, Арменд Трена.
Со пригодна свеченост денеска Секторот за внатрешни работи Охрид го одбележа 7 мај -Денот на македонската полиција.
Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски ги отфрли шпекулациите дека ќе поднесе оставка и информира дека останува на функцијата.
На Прилеп му е потребно полициската станица да прерасне во Сектор за внатрешни работи и се надевам дека тоа ќе се случи следната година, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при посетата на прилепската полициска станица четитајќи им го на вработените Денот на полицијата, 7 Мај.
Првите холандски туристи во летната сезона во Македонија слетуваат утре со туроператорот Корендон на охридксиот аеродром. Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат до 16-ти октомври оваа година.