Чевларството - бренд на Куманово
Во Куманово функционираат околу 60-тина мали и средни чевларски претпријатија кои вработуваат околу 2.000 работници. Кожарската индустрија во Куманово функционира со векови наназад, со подеми и падови, но секогаш опстојува и е индустрија по која градот е препознатлив на Балканот и во Европа.