Прилеп се подготвува за гасификација, локалните власти на средба со јавниот сектор
Прилепските локални власти ги интензивираат активностите за гасификацијата на градот. По средбата со стопанствениците, денеска бенефитот од гасификацијата му беше претставен на јавниот сектор кој ќе биде првиот корисник на природниот гас од мрежата.