Познати добитниците на наградата „7 Септември”
Советот на општина Кавадарци денеска донесе одлука со која тројца кавадарчани го добиваат највисокото општинско признание, наградата „7 Септември”. Од областа на културата наградата ја добива Страшо Темков - флејтист, од областа на спортот професорот по физичко воспитување Димитар Пецов и од областа на музиката, седмосептемвриска награда ќе ја добие Александар Ангелов од групата „Дрим тим“.