Со резбарење кожа до уникатни производи
Вањо Костиќ од Куманово е единствениот во градот и во Македонија кој веќе десетина години изработува резба на кожа познато како leather craft. Невообичаениот занает за овие простори го усовршил на обука во Аризона во САД. Кожата, како природен материјал, нуди можност за креативност преку кој, Костиќ уметнички се изразува.