Во Делчево досега инвестирани два милиони евра од ЕУ фондови
Во Делчево досега од европските фондови, само во општинските институции, влегле околу два милиони евра. Со овие средства се решени многу инфраструктурни проблеми, се осовременија условите за работа на наставниците и учениците, се надградија човечките капацитети.